Болидот на Шумахер продаден за 7,5 милиони долари

од desk2

Болидот на Ферари F2001 со кој управуваше легендарниот германски возач на Формула 1 Михаел Шумахер, продаден е на аукција за рекордни 7.504.000 долари.

Се работи за најскапиот болид на Формула 1 кој кога и да е, е продаден. Болидот му припаѓаше на Михаел Шумахер кој кариерата ја заврши во 2012 година откако освои седум титули првак на светот, а впиша 91 победа и 155 подиуми, а освои 1566 поени. Со тоа стана најголем на сите времиња. Една од седум титули Михаел ја освои со болидот Scuderia Ferrari Marlboro F2001, кој беше понуден на аукција.

Аукцијата беше организирана во Sotheby’s во Њујорк, а новиот сопственик издвои дури 7.504.000 долари. Тоа значи дека овој болид воено е најскап некогаш продаден.

Новиот сопственик доби и полн пристап до фабриката на Ферари во Маранел, како и осигурен транспорт. Понудени му се и Corse Clienti случувањата и можност за возење на патека.

Слични содржини