Болна била, не била болна!? Клинтон отвори пред камера тегла со краставички за да покаже дека е во форма

од desk3

Кандидатката за претседател на САД од Демократската партија Хилари Клинтон ги негираше гласините дека здравјето и се влошува и ги нарече дел од стратегијата на изборниот штаб на противникот и Доналд Трамп при учеството во вечерната програма “Jimmy Kimmel Live” на телевизискиот канал АВС.

Hillary-Clinton-247212-500x334

Клинтон отвори пред камера тегла со краставички, за да покаже дека е во форма

“Не знам зошто зборуваат такви работи. Мислам дека од една страна, тоа е дел од глупава стратегија. Од друга страна, сето тоа е сосема бесмислено “, рече Клинтон .

“Понекогаш ми се чини дека оваа кампања оди во алтернативна реалност, каде сум принудена да одговарам на прашања жива ли сум, колку уште ми останува и слично”, изјави претставничката на Демократската партија. “Но, јас не го поставувам под прашање здравјето на Доналд Трамп”.

Клинтон на шега предложи на водителот – познатиот американски комичар Џими Кимел, да и го провери пулсот, за да се убеди дека е жива. Кимел пак, побара од гостинот да демонстрира физичка сила и да отвори тегла со краставички. Клинтон ја отвори , ноизгледаше дека и е многу тешко.

Противниците на Клинтон постојано и припишуваат разни болести, за да ја направат непогодна да ги исполнува обврските на претседател на САД.

Слични содржини