Болт се повреди на последната трка во кариерата, Велика Британија со злато во штафетата

од desk2

Велика Британија го освои златото во штафетата на 4 x 100 метри на Светското првенство во Лондон, а последната трка во кариерата несреќно ја истрча Усеин Болт, најбрзиот човек на светот.


Бол, за жал, пред целта се повреди и не ја истрча трката за Јамајка.

Велика Британија го освои златото со време 37.47 што е британски рекорд. Второ место е за САД со време 37.52, а трето место е Јапонија 38.04.

Последен спринтер во трката за јамајка беше Болт кој на некои 80 метри пред целта се повреди и само падна на патеката. Ваков крај никој не очекуваше.

Светскиот рекорд на трката 4 x 100 метри изнесува 36.84, а го постави токму Јамајка на ОИ во Лондон 2012 година.

Слични содржини