Лидерот на опозицијата на Македонија, Зоран Заев, го обвинi шефот за безбедност и разузнавање Сашо Мијалков на земјата за примање поткуп од Израел za да се овозможи купување на опрема за видео надзор во 2011. Тој исто така го обвини врвот за шпионажа за сопствениот народ-пишува израелскиот весник Jewish Bussines News

ZAJKO

“На прес-конференцијата во главниот град Скопје во средата, Заев, лидер на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, рече дека на Мијалков му била исплатена сума на пари со “многу нули” за Министерството за внатрешни работи да купи прислушувачки уреди во вредност од 15 милиони долари од Израел.

Заев објави телефски снимски, наводно, на кои Мијалков разговара за поткуп со израелски официјален претставник, кој беше чест посетител на Македонија.

Новинската агенција Нетпрес објави дека “Мијалков ги негираше обвинувањата, велејќи дека” донација “од 5,9 милиони долари се примени за набавка на опрема за специјалните полициски единици.”

Заев вели дека македонскиот премиер Никола Груевски наредил прислушување, кои подоцна биле предадени на опозицијата. Груевски ги негира обвиненијата.

На 31 јануари Полицијата го обвини Заев, а четири други лица за заговор со неименувана странска разузнавачка служба за соборување на владата.”-  се наведува во текстот на Jewish Bussines News

 

Тhe Times of Izrael во насловот пишува – Македонскиот шеф за разузнавање обвинет за поткуп во израелска зделка.

Во текстот се наведува дека Заев во објавените, како што се истакнува, незаконски снимени разговори, наведува детали како шефот на УБК Сашо Мијалков, неговата помошничка и лице од Израел договараат трансфер на пари за поткуп, во кое како што пишуваат, Заев не го навел конкретниот износ, но дека сепак содржел многу нули.

Слични содржини