Бомбите доказ за „Титаник“ !? Денеска одлуката ќе ја соопшти Апелацискиот суд !

од Vladimir Zorba

По вчерашната јавна седница на која се расправаше дали прислушуваните разговори ќе бидат докази во судската постапка за предметот „Титаник” на Специјалното јавно обвинителство, Апелацискиот суд одлуката ќе ја соопшти денеска.

За СЈО, бомбите треба да бидат доказ бидејќи во 1063 разговори за „Титаник“ се слуша како високи функционери од власта зборуваат за криминал. Главно разговорите се меѓу Груевски Јанакиески и Јакулоска и тие не може да се третираат како приватни разговори. Дополнително потенцираше обвинителката Лиле Стефанова, Груевски знаел дека се прислушува поради што и се служел со кратенки и ги предупредувал соговорниците да не користат имиња.

Според адвокатот на Груевски ако Апелација ја прифати жалбата на СЈО ќе направи срамно зло до степен на срам, рече Димира Дангов и побара судот да направи отстапка од досегашните одлуки со кои ги прифаќа бомбите. Груевски не дојде на јавната седница. Неговото обезбедување не му дозволило на судскиот курир да достави покана.

Како жртва се чувствува и екс министерката за полиција Јанкулоска која цитираше пресуди на Европскиот суд за човекови права. За неа не е важна содржината туку тоа дека таа како јавен функционер е дискриминирана бидејќи за неа не важи правото на приватност.

„Јас се повикав на конкретна пресуда на европскиот судот за човекови права, во случајот на госпоѓата А против Франција, каде спомена дека предмет на заштита е самтаа комуникација, а не нејзината содржина и содржината е сосема ирелевантна, без оглед што содржат некои разговори. Судот во ниту еден случај не би смеел да заснова судска одлука на така прибавени докази и чекор повеќе и ја споменав пресудата во слчучајот Миниц против Германија, каде за луѓето кои вршат јавни професии судот констатира констатира дека е невозможно да се направи дисктинкција помеѓу јавните и приватните разговори, зошто таа комуникација е испреплетена и затоа секоја комуникација без оглед на што се однесува, ја ужива заштитата од членот 8. На вашето прашање не можам да коментирам нешто што немам слушнатот, ние како одбрана сеуште немаме пристап до содржината.“ – вели Гордана јакулоска, поранешна министерка.

„Материјалите кои беа понудени во обвнителниот акт како и на поднесената листа со докази, под реден број 1, 2 и 3 се однесуваат на матерјали за кои веќе постојат правосилни судски решенија на Основниот суд Скопје 1 со кои таквите матерјали се издвојуваат и  истите се ковертираат и не можат понатаму да се користат во судските постапки и во конкретниот случај. Јавното обвинителство тоа го знае и таквите одлуки ги има кај себе и за тоа известен и преку одговорот на жалба и Апелациуониот суд, станува збор за пресудена работа и за непочитување на судска одлука, зошто ЈО иако ги има тие одлуки, повторни ги доставува како докази.“ – вели Сања Алексиќ, адвокат.

За изборните нерегуларности во Титаник меѓу другите обвинети се и Мартин Протоѓер, Кирил Божиновски и уште 15 лица. Одлуката дали прислушуваните разговори Апелација се очекува да бидат соопштени денеска.

Слични содржини