„Бомбите“ во Врховен – ќе бидат ли исфрлени како докази?

од desk2

Дали СЈО ќе може да смета на прислушуваните разговори во судска постапка е темата која и утре ќе се најде пред врховните судии. Во пресрет на седницата, дел од правниците со поделени ставови, информира ТВ24.

Според едни, прислушуваните разговори кои ги испитува Специјалното јавно обвинитество можат да бидат доказ, според други пак, тие можат да бидат само индици кои ќе бидат покрепени со материјални или вербални докази.

За адвокатот Звонко Давидовиќ доколку Врховниот суд донесе начелен став дека т.н. бомби не се докази, тоа не ги ограничува судиите во пониските судови да го почитуваат тој став туку зависи од секој предмет поединечно.

„Законот за кривична постапка во членот 250 предвидува дека снимка, филм, фотографија или други електронски записи можат да бидат докази во постапката. Секој судија сам проценува со оглед на постапката и другите предложени докази дали е нешто доказ. Врховниот суд има право да донесе начелен став или начелно мислење кое ги обврзува другите ставови но значи дека доколку дојде до трет степен предметот пред Врховниот суд тој ќе го примени својот начелен став. Тоа ен значи дека секој судија мора априори да го заземе тој став затоа што Врховниот суд не може како ни законодавецот не можат да ја предивидат секоја постапка поединечно“, вели Давидовиќ.

За адвокатот Еленко Миланов, пак, бранител на првообвинетиот во предметот „Шпион“ Марјан Ефремов кај кого беа најдени разговори кои тој незаконски ги снимал, прифаќањето на овие докази од Апелациониот суд е спорно бидејќи би можело во иднина да доведе до целосна злоупотреба на приватноста на граѓаните за туѓи лични цели.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини