Актулниот состав на ДИК без претседателот Никола Рилковски, како и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева се дел од кандидатите кои се пријавиле за новиот состав на ДИК.

24826mala

Во делот за кандидати кои треба да се изберат од експертската јавност, кандидатури поднеле професорот Стефан Буџаковски, колумнистот и аналитичар Сотир Костов и новинарот и уредник на политичката редакција на весникот Вест, Горан Трпеноски.

Комсијата за избори и именување треба да ја утрври денеска листата на кандидати. За местата кои треба да бидат предложени од партиите се пријавени 15 кандидати, а за 3-те места кои треба да дојдат од познавачите на изборниот процес се пријавиле 37 кандидати.

Соглсно договорот од Пржино, комисијата ќе има зголемени надлежности, а и наместо досегашните 6, девет члена.

Слични содржини