Борба меѓу Алегри и Бонучи во соблекувалната

од Vladimir Zorba

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри може да поднесе оставка поради ситуацијата со дефанзивецот Леонардо Бонучи.

За време на дуелот со Палермо меѓу тренерот и дефанзивецот наиде конфликт, по кој клубот го казни Бонучи.

За Алегри ова се покажа недоволно и тој го казнил со неговото отсуство од 1/8-финалето во Лигата на шампионите против Порто, освоен од “старата дама” со 2: 0.

Според Газета проблемот меѓу двајцата настанал во соблекувалната. Дури се тврди дека играчи на тимот ги двоеле.

Сега Алегри поставил услов на клубот да го отстрани Бонучи, инаку тренерот ќе поднесе оставка.

Слични содржини