Борбен Ф-16 се преврте при слетување во Охајо

од Vladimir Zorba

Борбен Ф-16 на демонстративната ескадрила на Воеено-воздушните сили на САД излезе од пистата и се преврте при слетување во Охајо.

Пилотот и техничкиот специјалист, кои биле на авионот, се сместени во болница, изјави во саботата командантот на ескадрила потполковник Џејсон Херд. Тој информира дека инцидентот се случил во петокот на меѓународниот аеродром во Дејтон.

Причините за инцидентот се уште не се утврдени. Според командантот на “Тандрбордс” пилотот се подготвувал за авиошоуто во Дејтон и имал зад себе околу 1600 часови лет.

Временските услови во моментот на инцидентот биле соодветни за лет. На 2 јуни 2016 година борбен авион на американските воздухопловни сили се урна за време на лет над воздухопловната академија во Колорадо Спрингс. Пилотот успеал да се катапултира.

Слични содржини