Борис Џонсон: Балканот да биде светилник на демократијата и на економскиот раст

од desk2

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон ќе присуствува на самитот на лидери на Западен Балкан во Трст, соопштено е денеска.

Се работи за продолжување на напорите на велика Британија да помогне на регионо во реформите за стабилизација и достигнување приоритет.

Џонсон ќе бара од регионот и пријателите да ги зајакнат напорите за развивање на Балканот во „светилник на демократијата и економскиот раст“.

„Сакаме да го видиме Западен Балкан како стабилен, просперитетен и сигурен регион кој има иднина во Европа. Велика Британија е предана во намерата да работи со нашите пријатели и сојузници за Западен Балкан да се направи светилник на демократијата и економскиот раст, Горд сум што Велика Британија ќе биде домаќин на Самитот на Западен Балкан во 2018 година. Ова е цврст показател на нашата поддршка за неопходните реформи кои че ја зголемат сигурноста, ќе ја зајакнат економијата и борбата против предизвиците како што се трговијата со наркотици и луѓе“, рече Џонсон пред денешниот самит во трст.

Како што се наведува Велика Британија годинава ќе вложи повеќе од 20 милиони фунти во подобрување на владеењето на правото и борбата против трговијата со наркотици и луѓе. Исто така, дел од парите ќе бидат вложени во спроведување на реформи за подобрување на бизнис окружувањето и борбата против корупцијата. Самитот што почнува денеска во трст е четврто продолжение на Берлинскиот процес кој има за цел јакнење на регионалната соработкка , а таму се собрани премиери, министри за надворешни работи и економија на шест земји од западен Балкан. Исто така, претставници на Германија, Австрија, Словенија, Италија, Хрватска и Велика Британија ќе учествуваат на Самитот.

Слични содржини