Борисов: Бугарската привремена влада ќе остане подолго на функција

од desk2

Привремената влада на Бугарија ќе остане подолго време на функција затоа што не гледам како ќе можат партиите да направат коалиции во оваа ситуација, изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов.

Тој повторно истакна дека парламентарните избори ќе се одржат за пет до шест месеци, поради што кабинетот на Огнен Герџиков подолго ќе управува со државата поради антагонизмот и раздорот кој го гледал во партиите.

– Тоа што го гледам и слушам се чини неверојатно тешко да се седнат лидерите на политичките партии на една маса. Дури и да постигнат договор за некаква коалиција, таа ќе биде многу кревка – смета Борисов.

Слични содржини