Борисов им се поклони на свештениците на МПЦ во манастирот Водоча

од Vladimir Zorba

Под силно полициско обезбедување премиерот на Бугарија  Бојко Борисов  пристигна во Струмица на заедничката седница на македонската и на бугарската влада.

Делегација на бугарската влада стигна со два хеликоптери, а премиерот Зоран Заев го пречека бугарскиот колега пред водочкиот манастир „Свети Леонтиј“ во Струмица.

Борисов на социјалните мрежи објави видео од посетата на Водочкиот манастир, каде освен од македонскиот премиер, беше пречекан и од митрополитот на струмичкaта епархија Наум, како и други црковни великодостојници.Борисов се поздрави со бакнување на рака на свештениците на МПЦ

Во моментов зад затворени врати  во Домот на АРМ во Струмица трае владината седница,  а се очекува потпишување на десетина билатерални договори  од областа на надворешната политика, инвестициите, енергетиката, одбраната и туризмот. Ова доаѓа по Договорот за пријателство и добросоедство меѓу двете држави потпишан на 1 август годинава, како и по писмото од МЦП-ОА да со кое бара да обезбеди автокефалност преку Бугарската православна црква.

Колегата ми Zoran Zaev ме посрещна във Водочки манастир „Свети Леонтий“ над град Струмица

Публикувахте от Бойко Борисов в Четвъртък, 23 ноември 2017 г.

Во официјалната делегација на Владата на РМ покрај премиерот Заев, се и вицепремиерите Бујар Османи, Кочо Анѓушев, министрите за одбрана Радмила Шекеринска, за внатрешни работи Оливер Спасовски, за надворешни работи Никола Димитров, за траспорт и врски Горан Сугарески, за земјоделство Љупчо Николовски, за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, за локална самоуправа Сухелј Фазлиу, за животна срединаСадула Дураку, заменик-министерот Кире Наумов и генералниот секретар на Владата Драги Рашковски.

Од бугарска страна на заедничката седницата учествуваат вицепремиерите Томислав Дончев, Красимир Каракачанов и Екатерина Захариева, министрите Валентин Радев, Николај Нанков, Нено Димов, Румен Порожанов, Ивајло Московски, Емил Караниколов, Теменужка Петкова и Николна Ангелкова.

Слични содржини