Борисов од Брисел: Колективно членство на ЕУ во НАТО!

од desk3

Премиерот Бојко Борисов се изјасни за колективно членство на ЕУ во НАТО. Според него, тоа би било најпрагматичното решение за безбедноста.
“Со парите со кои располагаат сите држави да се процени на кого му требаат повеќе авиони или бродови. На нас ни требаат повеќе бродови поради Црното Море. Ова би излегло илјади пати поевтино”, рече премиерот .
Борисов е во европската престолнина нма седница на лидерите од Европската народна партија. На неа ќе бидат разгледани актуелните прашања непосредно пред редовниот состанок на Европскиот совет.

Премиерот објасни дека во моментов се планираат  милијарди за вооружување, а во исто време сите сакаат да се зголемат парите и во пензиските системи, да се зголемат приходите, инфраструктурата за поврзување.

Борисов го  коментираше и Брегзит и потсети дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ најверојатно ќе се случи за време на бугарското претседателство.

“Веќе долго време се зборува за тоа, но никој не го замислуваше. Тоа може да има многу големи последици не само за ЕУ, туку и за Велика Британија”, рече премиерот.

Слични содржини