Премиерот на Бугарија Бојко Борисов, лично дал дозвола за прелет на руски авион над територијата на Бугарија ден пред земјата да го одбие барањето на Москва за воздушен коридор за Сирија. Тоа го призна самиот тој пред преполната сала “Арена Армеец”.

Image_4980464_126
“Пред неколку дена имав еден всушност многу врвен тест. Една ноќ во која министерот за одбрана и шефот на Генералштабот ми кажаа дека има план за летови на руски воени авиони во нашата територија. Многу е јасна нашата воена доктрина, јасна е нашата задача да стражариме на јужното крило на НАТО.

Јасно се наведува што треба да направат нашите пилоти. Требаше да се донесе одлука како да постапиме во овој момент. Началникот на штабот чекаше наредба. Дилемата беше дали да го исполниме она што го имаме како преземен ангажман со јасна свест дека другиот ден треба да собираме остатоци од луѓе и авиони во Црното Море. Тоа не можев да го допуштам и наредив – ако треба да ги пропуштиме, со јасна свест дека не ја исполнуваме својата посветеност, но ми се виде полесно да се разберам со НАТО партнерите, отколку да носиме со ковчези пилоти “, раскажа Борисов .

Вистински се надевам , Москва да не експериментира со нашите пријателски чувства, целиот народ кон нив, бидејќи ние ја донесовме оваа одлука со раководството на армијата, но не треба да бидеме испровоцирани, бидејќи тоа, исто така, не е добар пример за добрососедство и пријателство, рече меѓутоа премиерот. Има дипломатски канали, по кои може да помине секој хуманитарен транспорт и ние ќе го пропуштиме, додаде тој.

Слични содржини