Борисов: Словенечко-хрватскиот спор за границата влијае врз Западен Балкан

од desk4

Словенечко-хрватскиот спор за границата е билатерално прашање, кое сепак има влијание врз Западен Балкан и целата Европска унија, оцени Бојко Борисов, премиерот на Бугарија на денешната официјална церемонија со што официјално се означи почетокот на шестмесечното бугарско претседавање со ЕУ.

– Нема да бидам арбитер, ниту ќе делам совети, ниту пак ќе судам за тоа. Словенија и Хрватска мораат да пронајдат билатерално решение за спорот. Бидејќи, доколку таквиот конфликт остане, ќе биде пречка за европската перспектива на Западен Балкан. Искрено ќе го замолам хрватскиот премиер да покаже волја, нагласи Борисов во Брисел.

Жан-Клод Јункер ги повика премиерите на Словенија и Хрватска кон крајот на месецот во Брисел, каде што би разговарале за граничниот спор. Со средбата со Миро Церар и Андреј Пленковиќ, Јункер сака активно да се вклучи во разрешувањето на спорот, откако Хрватска одби да ја прифати одлуката на Арбитражниот суд лани во јуни.

Арбитражниот суд одлучи Словенија да добие две третини од Пирански Залив и со тоа да се заврши спорот кој трае веќе 25 години. Хрватска бара половина од таа морска територија и поради тоа одби да ја прифати одлукат ана судот.

Слични содржини