Борут Пахор го покани семејството Трамп во татковината на Мелани заедно да одбележат важна годишнина

од Vladimir Zorba

Претседателот испратил и честитка писмо до новата прва дама

20130705-udfoasfvsd
Претседателот на Словенија Борут Пахор го покани новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп и неговата сопруга Мелани, која е Словенка да ја посетат земјата, соопшти порталот TMZ, повикувајќи се на претставник на амбасадата на Словенија во Вашингтон. Во 2017 година се навршуваат 25 години од воспоставување на дипломатски односи меѓу Вашингтон и Љубљана и службените лица во Словенија сакаат Трамп да учествува во одбележувањето на годишнината.
“Оваа недела Пахор разговараше по телефон со Доналд Трамп и неговата сопруга Мелани и ги покани да направат посета на земјата”, се вели во пораката.

Претставник на амбасадата напомена дека претседателот Пахор и премиерот Миро Церар испратиле на Мелани Трамп честитка со писмо на словенечки во врска со победата на сопругот на претседателските избори во САД. Во писмото се изразува благодарност дека “нашата централно европска држава станала попривлечна”.

Мелани Кнавс е родум од словенечкиот град Севница. Многу жители на Севница ја прославија победата на Трамп и сега се надеваат на туристички бум.

Слични содржини