639769_vucictanjugsrdjan-ilicsrebrenicadi007986390preview_ff

Советот на министри на Босна и Херцеговина на денешната вонредна седница во Сарево го задолжи Министерството за безбедност во рок од седум дена да ги испита сите околности, кои довеле до нападот врз премиерот на Србија Александар Вучиќ во саботата за време на одбележувањето на 20 години од масакрот во Сребреница.

Владата наложи да се воспостави соработка на сите полициски органи на ниво на БиХ, со цел детално да се расветли случајот.

Министерот за безбедност Драган Мектиќ изјави дека Агенцијата за истрага и заштита (СИПА) не го извршила својот дел од работата во Поточари./МИА

Слични содржини