Bose на суд за незаконско прислушување и собирање на лични податоци

од Vladimir Zorba

Водечкиот производител на аудиотехника Bose ќе биде изведен пред суд за неовластено прислушување на своите корисници, соопштува технолошкото списание “Виргил”. Според установената против американската компанија тужба, Bose ги шпионирала незаконски корисниците на безжичните слушалки преку апликација која ги собирала, анализирала и споделувала без дозвола музичките преференции.

Жалбата е поднесена во Чикаго од Кајл Зак – клиент на компанијата, кој по купувањето на блутууд слушалките за над 300 долари утврдил дека музичките парчиња кои Bose му ги нуделе преку апликацијата Bose Connect покажале “премногу темелно познавање” за интересите.

Потоа Зак разбрал дека неговата лична информација била дадена на трети лица како Segment.io чиј сајт ги собира, анализира и дистрибуира податоците за корисниците. Затоа и аудио предлозите се совпаѓале толку многу со неговите интереси, однесување, политички и религиозни убедувања.

Според Кристофер Дор, адвокат на Зак и специјалист во делата за нарушување на личните права од страна на технолошките компании, апликацијата на Bose не им овозможува на корисниците да ги видат условите на договорот за приватност при инсталирањето на smartphone. Дури тогаш тие добиваат можност да се запознаат со него, но дури и тогаш во него не се содржи информации за “собирање на податоци”, што дополнително ја влошува ситуацијата на аудиотех гигантот.

Слични содржини