Бошковиќ од Србија – Лауреат на ФКТ Ристо Шишков Струмица

од Vladimir Zorba

Актерката Тања Бошковиќ од Србија ја понесе наградата за високи актерски достигнувања   единствена на ФКТ Ристо Шиишков во Струмица, информира ТВ24.

Според жирито  предводено од ланскиот лауреат Зијах Соколовиќ ,Бошковиќ со својата актерска креација изразена во повеќе стилови успеала да направи одлична комуникација со публиката. Наградата Тања Бошковиќ ја доби за улогата  на Марија Клаиќ во претставата „Солзите се ок“ на Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ.

„Јас сум многу возбудена, почестена сум и знам дека не ја заслужувам наградата со името Ристо Шишков, но ќе се потрудам до крајот на својот живот да ги чувам спомените на големиот глумец, големиот актер, на човекот кој што се бореше за достоинството на актерот и тоа е огромна обврска. Се плашам дали ќе успеам, бидејќи пет години сум во пензија, моите сили паѓаат, но ќе се трудам и ќе се борам за достоинството на актерот“, вели Тања Бошковиќ – лауреат на ФКТ „Ристо Шишков“.

Годинава за единствената награда за најдобра актерска игра Ристо Шишков конкурираа 40 тина актери од земјава но и од Бугарија, Србија, Босна и Косово кои во Струмица одиграа вкупно 13 претстави. Со оглед дека фестивалот е членка на  меѓународната театарска асоцијација Нета беа доделени и наградите од ова асоцијација за најдобра престава, режија машки и женски улоги.

Слични содржини