Бошњаковски: Владата очекува почитување на меѓународните договори и стандарди за екстрадиција

од desk2

Владата очекува дека ќе се испочитуваат сите меѓународни договори и меѓународни стандарди во вакви случаи и целата постапка ќе биде завршена во рамки на реалните рокови за вакви постапки, изјави владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, во однос на екстрадицијата на поранешните началници во УБК Горан Грујевски и Нокола Бошкоски од Грција.

– Би сакал да Ве упатам прво до Министерството за правда кое е надлежно за екстрадицијата и ја води постапката, изјави Бошњаковски.

Прашан како ќе ги коментира изјавите на двајцата за грчки медиуми дека се плашат да се вратат во Македонија поради притисоци, Бошњаковски рече дека не можат да коментираат изјави бидејќи во тек е судска постапка и да оставиме тие да течат.

Грујевски и Бошкоски завчеравечер беа уапсени на солунскиот аеродорм на пат за Унгарија, со лажни бугарски пасоши и идентитети. Двајцата вчера беа изведени пред обвинител и се очекува за нивната екстрадиција да се произнесе и Апелацискиот суд во Солун./A1on

Слични содржини