Бошњаковски: Во Договорот со Бугарија се потврдуваат македонската нација и јазик

од desk2

– Во Договорот со Бугарија постојат аргументи со кои се потврдуваат македонската нација како посебност и македонскиот јазик и тоа за нас е комплетно затворено прашање, рече денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Одговарајќи на новинарски прашања, Бошњаковски подвлече дека со Договорот минатото и историјата се поставени како темел на иднината.

– Исклучително е важно да се фокусираме на позитивните аспекти. Договорот е основа за добрососедство и пријателство, ќе помогне за поврзување на патната и гасната инфраструктура, ќе ја унапреди размената на стоки, услуги и капитал, дава силен импулс за изградба на Коридорот 8 за што во Трст се веќе добиени средства, овозможува царински и гранични олеснувања,…, истакна Бошњаковски на прес-конференција.

Слични содржини