Босна и Херцеговина праќа помош по поплавите во Македонија

од Vladimir Zorba

timthumb (3)

Техничка поддршка за чистење улици и домаќинства, пумпи со висок притисок за испумпување тиња и противпожарни возила ќе прати Босна и Херцеговина во Скопје, по поплавите кои пред неколку дена го зафатија главниот град на Македонија.

Се очекува во што е можен пократок период да бидат завршени сите потребни процедури за да може помошта што побрзо да стигне до оние на кои им е најпотребна во Скопје. Сараево и Скопје традиционално се поврзани со пријателски и партнерски врски, формализирани со Спогодбата за соработка потпишана во 2007 година.

„Градот Сараево не ја заборава помошта од Град Скопје кој своевремено испрати за време на поплавите во мај 2014 година шестчена екипа пожарникари со возило и потребна опрема“, вели заменикот градоначалник Абдула Скака.

Тој, во име на функционерите и граѓаните на Сараево до градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски и граѓаните на Скопје, упати искрено и длабоко сожалување.

„Градот Сараево ја дели искрената тага и болката со семејствата на настраданите во катастрофалните поплави кои го зафатија Скопје по незапамтеното невреме. Нашите мисли се со граѓаните на Скопје и со народот на Македонија“, рече заменикот градоначалник Скака./извор а1он

Слични содржини