Кошаркарите на Бостон целосно се вратија во серијата со Чикаго во 1.коло од плеј-офот по победата со 101:90 остварена ноќеска во четвртиот нивни меѓусебен дуел. Сега резултатот е 2-2 во серијата прв до четири победи.

Ајзеа Томас со 33 поени беше најдобриот играч во победничкиот тим, додека кај Чикаго се истакна Џими Балтер исто така со 33 постигнати поени.

Изедначување има и во пресметката меѓу Јута и ЛА Клиперс, додека работата во 1.коло ја заврши шампионот Кливленд кој со максимални 4-0 ја елиминира Индијана.

Резултати:

Индијана – Кливленд 102:106 (0-4 во победи);

Оклахома – Хјустон 109:113 (1-3);

Чикаго – Бостон 95:104 (2-2);

Јута – ЛА Клиперс 105:98 (2-2)

Слични содржини