Божиновски од судот казнет со 2000 евра : “Знам дека не сакате да ме слушнете бидејќи сте гладни за пари, па казнете ме”

од desk3

 
Судот го казни новинарот Зоран Божиновски со 2000 евра поради непочитување и непримерно однесување во судницата. Зоран Божиновски долго ја објаснуваше својата одбрана и воедно посочи дека случајот за кој го теретат е по нарачка на екс премиерот Никола Груевски и партијата ВМРО ДПМНЕ. Како помагачи за тој да биде осуден ги посочи имињата на екс началникот на УБК- Сашо Мијалков и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

Zoran-Bozinovski-520x3081

“Во обвинителниот акт, ниту имаa докази дека сум бил шпион, ниту пак е напишано или има докази за која држава сум работел, какви тајни документи сум имал, а уште помалку e напишано со кого сум контактирал. Се е измислено од власта. Мојот лов од страна на ДПМНЕ беше две фази. Првиот започна во 1999 година и траеше до 2002 година кога бев крвнички претепан на работното место во радио Тумба. Кога не успеаја со тоа да ме замолчат, започнаа со обиди да ме купат, посебно Драган Даравелски. Кога се преселив со семејството во Србија, во јуни 2010 ми се јавуваше Александар Бичиклиски во име на Никола Груевски – додаде Божиновски
Веднаш потоа судијката му го одзеде зборот , која оцени дека тоа немало допирна точка со предметот.

“Не илјада, туку 610.000 евра казнете ме. Јас ќе си кажам се што сметам дека е во моја одбрана. Знам дека не сакате да ме слушнете бидејќи сте гладни за пари, па казнете ме.”-реагираше на ова Божиновски.
Божиновски се терети за шпиунажа, злосторничко здружување и уцена.

Слични содржини