Божиновски смета дека СЈО против него има празен предмет

од desk2

Поранешен генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски чека да докаже дека е невин, а смета дека не треба да оди во притвор затоа што нема државна функција.


„Со нетрпение чекам да докажам дека сум невин. Специјалното јавно обвинителство против мене има празен предмет. Причината поради која се бара притвор е дека пред 1,5 година обавував државна функција. Сега изјавувам дека немам намера да прифатам нова. Редовно ќе се јавувам на сите покани на судот и немам намера да не сум присутен“, изјави Кирил Божиновски, поранешен генерален секретар на Владата.

Тој од Специјалното јавно обвинителство е обвинет во случајот „Титаник“. СЈО останува на барањето за притвор, за одбраната на Божиновски ова барање е незаконско.

Слични содржини