БПЦ ќе се консултира со останатите православни цркви пред да одлучи по барањето на МПЦ

од desk4

Пред да донесе одлука за признавање на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, светиот синод на Бугарската православна црква ќе се консултира со останатите 14 православни цркви, меѓу кои и руската, српската и грчката.

Од БПЦ изјавиле дека предлогот ќе биде разгледан на седницата на 27 ноември, но не очекуваат дека веднаш ќе биде донесена одлука.

Синодот на МПЦ-ОА на 9 овој месец испрати писмо до БПЦ во кое се бара воспоставување на „евхаристиско единство со возобновената Охридска Архиепископија во лицето на Македонската православна црква“.

– Македонската православна црква – Охридска архиепископија ќе ја препознае и признае Бугарската православна црква – Бугарска Патријаршија како Мајка Црква, која прва ја прифаќа и признава нејзината автокефалност, истата ја обзнанува и актуелизира, претставува и се застапува за неа пред Вселенската патријаршија и пред другите помесни цркви, стои во писмото од МПЦ-ОА.

Слични содржини