Бракот трае 6 години при возрасна разлика

од Vladimir Zorba

Возраста има значење за семејните односи, бидејќи кај бракови со голема возрасна разлика, тие обично се распаѓаат за 6 години, покажа истражувањето објавено во весникот “Дејли мејл”.

Многу често мажите првично се чувствуваат среќни кога си земаат доста помлада жена. Но ведрината трае само првите години на бракот. При голема разлика во годините тој се распаѓа во просек за период од 6-10 години. Паровите на приближно иста возраст подобро се справуваат со најтешките одлуки, бидејќи се подобро синхронизирани. Тие се подготвени да се разбираат и во една подалечна перспектива.

Истражувањето опфатило 7 682 австралиски домаќинства и било започнато во 2001 година.

Учесниците требало да пополнат прашалници за задоволството од брачниот живот. Се покажало дека паровите со голема возрасна разлика се помалку отпорни на појавија пред семејните економски тешкотии.

Авторката на студијата Тера Мекинли од Универзитетот во Колорадо истакнува дека мажите во брак со помлади жени се најмногу задоволни од бракот, а најнесреќни се сопружниците, во брак со постари жени.

Дамите од своја страна се чувствувале најнесреќни кога се задомени за старци и најсреќни кога се задомени со помлади партнери.

По некое време луѓето кои се во брак за многу помлади или постари партнери, имаат тенденција да го изгубат задоволството од бракот при економски непогодности во споредба со двојките на иста возраст.

Слични содржини