Бранденбуршката порта во Берлин денеска ќе биде осветлена со боите на националното знаме на Турција, а утре знамињата ќе бидат спуштени на половина копје откако 41 луѓе синоќа беа убиени во терористички напад на меѓународниот аеродром Ататурк во Истанбул, јави ДПА.timthumb (16)

– Истанбул и Берлин се побратимени градови и споменикот од 18 век во центарот на Бeрлин ќе биде осветлен во црвена и бела боја во знак на солидарност со семејствата на загинатите и со цела Турција, изјави портпаролката на германската Влада Даниела Аугенштајн.

Во последните месеци Бранденбуршката порта беше осветлена со боите на знамињата на Франција и на Белгија, како и со знамето на ЛГБТ заедницата во знак на солидартност кон групи луѓе, кои биле жртви на терористички напади.

Слични содржини