Брат до брат, шпион до шпион, гомнар до гомнар

од Vladimir Zorba

А бе види, коа ке умреш сеедно е што ке зборат за тебе. Генерално на сите ке им биде жал затоа што си бил ‘‘ прекрасен човек и пријател‘‘, а уствари освен мајка ти никој нема да пролее искрени солзи. Но, да не должиме, сметам дека после погребот на Тоше Проески и мега хипокризијата на реката солзи излеани по него тешко дека ке може да има уште поголема. Замисли, 90% од сите оние кои до последен момент од злоба го нарекуваа ‘‘ сељакот од Крушево‘‘, се убија од плачење декларирајки парола ‘‘ ние сме брат до брат‘‘ скришно на погребот буткајки се во првите редови да бидат фатени на камера.

Зошто вака глупав почеток на колумната? Појма немам, онака ми дојде.

Ајде да се качиме на едно мало бело облаче, да си седнеме конфорно и да ја обсервираме малку нашата стварност со очи кои немаат ниту партиски, ниту етнички, ниту религиски диоптер. Доле една беда од мравјалник во кој мравките одат во сите правци и ти се чини дека никој не знае што се случува. Уствари сите знаат ама никој никому не ја кажува вистинската своја насока сметајки дека ке го заебе оној друг и пред него ке стигне до ‘‘пленот‘‘. Ма кој црни плен ајван еден!? Да, даа,..! Пленот наречен опстанок по системот ‘‘ снаџи се па живи‘‘ што би рекле србите.

И?!,.. е па нема што ‘‘и‘‘, читај понатаму!

Кога се бориш за гол опстанок, кога ти се гладни и ненамирени децата, народ вика ‘‘ и со свиња валцер ке играш‘‘ само за да натокмиш се! И тогаш, ке влезеш во лавиринтот на муабети и комбинаторики со секој за сешто само за да се почувствуваш дека нешто вредиш и дека си успешен човек. Кога ке влезеш во тој лавиринт, прво те прашуваат на која партија и припаѓаш, дали си лев или десен, дали си патриот или предавник, турчин или каур, за Грујо или за Заев.

И?…

И едно време ке глумиш наспроти соговорникот и ке му се адаптираш на сите можни нивоа, некаде свесно, некаде несвесно ‘‘ ке пушиш‘‘ , ке виткаш кичма и на крај откога ке те издупат сите на свој начин, ке вриснеш во етерот ‘‘море мрш сите у пичку лепу материну да идете‘‘!!!

И ШТО СИ ДОБИЛ?

Онакво поголемо! Ама тука не е крајот. Откога веќе со сите си испил по едно кафе или пијалак, и двата табора те сметаат за неподобен зашто вчера у кафана те виделе со оние ‘‘непријателите‘‘. Па што! Ќе речеш оваа земја е слободна земја и по устав и закон, по господ имаш право да се друѓиш и да седиш на маса со кого сакаш! Е можеш, жими такво.

ОПАА,..ЗАЈЕБ!,… ЗАШТО ЗАЈЕБ?! ЕВЕ ЗАШТО!

Ако видат дека нешто вредиш и ако помирисаат дека локалните богови и шерифи може да те земат у екипа, ако приметат дека може да им го земеш местото што животен статус им значи ( замисли на чобан што му е врв, писар у Општина), одма проработуваат средновековните методи на елиминација на конкуренцијата. Шпанската Инквизиција за време кога го палеле Giordano Bruno гомна да јаде! Овде ти ебат се по списак со една обична патка.

КАКВА ПАТКА БЕ! ШТО ТРЕСЕШ!

Не тресам! Видат ли дека претставуваш опасност, има две методи. Првата метода е ефтино да те купат со ветувања дека треба да почекаш и немој да се секираш партијата мисли на тебе ама во интерес на повисоки цели треба да ќутиш и да висиш на закачалка коа ке им се дигне да те викнат, а тоа подразбира у меѓувреме да се трошиш максимално на докажување дека ако не е оваа ( не мислам на актуелната) опција на власт, државата ке оди фира за нечии предавнички цели. Ти ке си ебеш векот од јадење лајна и величајки некакви ликови кои инаку НИКАД у кафана не би им рекол ни здраво. На типови кои НИКАД не ти ни биле ниво, ама кој ти ебе матер тебе што твоето моментално ниво можеш да си го стаиш у г‘с! ( с‘ опроштење, де). Не си у филмот е брат!

МОРЕ, ДАТИБАМ ФИЛМОТ! КОЈ ФИЛМ БЕ?!

Чекај, чекај, не завршува приказната тука. Вториот метод е уште поопасен. Истиот момент кога нема да се согласуваш со тој од кого ти зависи лебот дома да го однесеш, си наебал ко жути. Тогаш не наебуваш ти само него цела фамилија! Како? Еве како!

Во примитивистичко средновековно постопаначко општество каде што какафонијата е појака од сите медиуми, каде што феноменот на ‘‘ да ти кажам у поверење‘‘ функционира како никад до сеа, само некој ке извика ‘‘ А БЕ ОН Е ШПИУН‘‘! Опааа! Си го ебал ежот! Кај полуписмен народ кој од аналитика или размислување со свој мозак нема ни А ни Р, толку треба.

ТИ СИ ЗА НИВ ШПИУН БЕ И КРАЈ!

Ма, јебо те шпиун! Ај ке речеш ти си спремен да проголташ многу нискости и навреди зашто знаеш како сето тоа функционира, ама сите забораваат дека имаш жена, деца, фамилија, дека треба утре да бараш невеста или да ти бараат ќерка. ТВОЈАТА КУЌА Е ДЕФИНИРАНА КО ШПИУНСКА И КРАЈ! А ако земеш да прелисташ по алманахот на ликови кои те дефинирале како шпиун, ке видиш дека таа мала ситна раса на влекачи уствари единствениот пат до сопствената афирмација си го тераат по системот на ‘‘ згази го маму му ебам‘‘! Што да каже чоек на ова освен, добродојдовте во секојдневието на ‘‘ брат до брат, гомнар до гомнар‘‘!

А БЕ АЈ!,.. И,.. ?

И нема што даље да се каже. Може само да резимираме дека конформизмот на сопствената примитивистичка паланачка незрелост да градиме општество се рефлектира со “ EROR 404 FILE NOT FOUND” што би се рекло со јазикот на компјутерите. А што е најсмешно, 90% од оние кои нешто значат гарантирам дека не знаат што значи оваа фраза. А ти онака најцинички на крај ке се повлечеш у себе и ке ти биде утеха дека ‘‘ нема што ти со нив да се мешаш, не ти се ниво‘‘. Кое црно ниво бе друже!

НА ВУЈНА ТИ НИВОТО! Кој ја разбрал колумната ја разбрал! Кој не, реприза на следни избори!

Агим Јонуз

Слични содржини