Братот на Џиџи и Бела Адид со сопствена модна кампања за „Бос“

од Vladimir Zorba

Семејство Адид го зголемува својот придонес на модната сцена со наредниот свој член кој напредува на модната писта. Помалиот брат на супермоделите Џиџи и Бела Адид веќе има свој договор за учество во модната кампања на “Хуго Бос”.

Анвар Адид, кој има само 17 години, веќе земал учество во кампањите на “Мошино” и Ријана за “Пума”. Иако уште во јуни неговата мајка Јоланда да беше објавила клип од фотосесијата во својот профил во “Инстаграм” дури сега официјално беа претставени слики од кампањата.

Според списанието “Космополитен” тие биле снимени на егзотична локација – во калифорниската пустина, а зад објективот била Харли Уеир. На кадрите Анвар презентира три различни вида облека. Тој може да биде виден со плетен џемпер, маица или јакна.

Помалиот брат на Џиџи и Бела бил на страниците на неколку различни списанија, меѓу кои “Вог” и “Најлон”.

Слични содржини