Лавот Џерико, брат на застреланиот од американски ловец Зимбабвиски лав Сесил, е жив, пренесоа агенциите, повикувајќи се на Брент Стапелкамп, соработник на истражувачката група која го следи Прајд во националниот парк Хванге на Зимбабве.150801-jericho-cecil-lion-brother-02-0316p-(1)

Можам да кажам дека тој е жив и е во ред, додал Стапелкамп. Тој ги демантираше информациите дека Џерико, бил застрелан, како Сесил од стрелец, кој ловел нелегално.

Сесил, најпознатиот лав во Зимбабве, беше убиен од американскиот забар Волтер Палмер, кој го исплатил ловот 55 000 долари. Повеќе од 140 000 лица се потпишаа под обраќањето до властите, барајќи Палмер да биде екстрадиран во Зимбабве.

Слични содржини