Нашиот годинашен претставник на Евровизија, Даниел Кајмакоски на својот профил на Инстаграм објави заедничка фотографија со грчката претставничката Марија Елена Киријаку снимена во Виена, на која нашиот пејач го држи во рака грчкото знаме.

11327355_358932364313816_1210572823_n

Оваа фотографија предизвика бурни реакции во јавноста и поделени мислења, и додека едни сметаат дека ова е предавнички потег на нашиот евровизики претставник, има  голем број коментари на поддршка дека потегот на Даниел ги надминува националистичките предрасуди.

Тој покажува дека е вистински вљубеник во музиката  и дека не е профитер,  туку искрен вљубеник во уметноста, пријателството и спремен за запознавање нови луѓе во своето опкружување. Политичките профитери особено мегафоните и полиитичките војници како по правило се полни со гнев, зачаурени во сопствените фрустраци и секогаш им треба врз некого да се нафрлат,за да ја  задоволат  скријат  својата јанѕа и немање на концепт за сопствениот живот, коментираат поддржувачите.

Даниел се фотографирал и со знамињата на останатите земји учеснички на годинашниот Евросонг.

Слични содржини