Бред Пит ги отстранува тетоважите посветени на Анџелина

од Vladimir Zorba

Да си направиш тетоважа додека си заедно со партнерот и си вљубен, е прекрасна идеја, но што се случува кога ќе се разделиш и почнуваш да жалиш за неа. Па, можеби за тоа треба да раскаже Бред Пит, кој помина низ тоа. Кога холивудската ѕвезда се запозна со Анџелина Џоли, страсно приврзана кон тетоважите, Бред Пит реши да ја следи, па тој самиот си направи неколку.

Но, за да ја заврти конечно страницата од оваа љубовна приказна, која заврши во септември 2016 година, актерот одлучи да се сврти кон ласерот, за да ги отстрани цртежите на телото, соопштува списанието “Star”.

Тој си закажал сесија, за да ги избрише тетоважите кои ги има направено за Енџи. Бред е подготвен за нов почеток и сака тоа да се гледа од неговата кожа.

Ќе биде потребно време, барем една година и ќе има лузни. Навистина, отстранувањето на тетоважите не е лесна работа. Покрај болката, потребно е и трпение.

Слични содржини