Бред Пит ќе се бори за старателството на децата

од Vladimir Zorba

Бред Пит е силно разгневен од начинот на кој Анџелина Џоли се однесува во разводот, бидејќи тој сакал нивната разделба да остане подалеку од јавноста. 5077417Актерот исто така е решен да се бори за старателство над децата. Според извор на весникот TMZ Пит е лут и поради гласините за него кои се појавија по веста за разводот, како и поради тврдењата дека неговото однесување ги ства на ризик шесте негови деца.

Изданието исто така наведува дека двајцата актери одржувале врска во последните неколку дена, и дека Пит ја повикувал Џоли да го решат прашањето со разводот “како возрасни”. Наместо тоа Анџелина побара полно физичко старателство над децата, тврдејќи дека Пит ги става во ризик.

Претходно TMZ соопшти дека како мотив за барањето на старателство Џоли ја посочила злоупотребата на Пит со алкохол и дрога, што според неа ги загрозува децата.

Двојката е заедно од 2004 година, но склучува брак во 2014 година. Џоли и Пит имаат заедно три биолошки деца – Шајло на 10 години и близнаците Вивиен и Нокс на 8 години. Тие одгледуваат и три посвоени деца – Медокс на 15 години, Захара на 11 години и Пакс на 13 години.

И за двајцата ова не е прв брак. Џоли беше мажена за Џони Ли Милер од 1996 година до 1999 година и за Били Боб Торнтон од 2000 година до 2003 година. Пред неа Бред беше оженет за Џенифер Анистон од 2000 година до 2005 година.

Слични содржини