Бред Пит наводно го удрил едното од неговите деца

од Vladimir Zorba

Актерот Бред Пит ќе биде сослушан под обвинение сурово однесување со едно од своите деца, пишува TMZ.91f1ba5f9f3b9ab24ee1e8d917955bd2

Според изданието, инцидентот се случил минатата недела, додека ѕвездата се наоѓала на приватен авион заедно со своето семејство, вклучувајќи и со својата сопруга Анџелина Џоли.

Во еден момент Пит ревносно почнал да вика, да ги навредува децата и дури удрил едно од нив.

Се смета дека токму тоа може да е причината за разводот кој го побара Џоли. Судот во Лос Анџелес се ангажирал со случајот и ќе бидат сослушани и децата на двојката.

На 20 септември стана јасно дека Џоли поднела молба за развод со Пит. Пријавено е исто дека актерката сака да преземе целосно старателство над децата и не ѝ се допаѓа начинот на кој Пит ги воспитува. Исто така стана јасно дека таа е незадоволна од алкохолна зависност на нејзиниот сопруг.

41-годишната Џоли и 52-годишниот Пит имаат три посвоени и три биолошки деца. Двајцата се заедно од 2004 година, но се венчаа во 2014 година.

Слични содржини