Агенцијата за прашањата на семејството и децата во Лос Анџелес, Калифорнија, стигнала до заклучок дека Холивудскиот актер Бред Пит не дозволил суров третман во спорот со својот посвоен син Медокс во  авионот во септември оваа година.

Ова го соопшти сајтот за вести од шоубизнисот Ти Ем Зи. Социјалните работници разговарале за овој случај со самиот Бред Пит, неговата сопруга Анџелина Џоли, нивните деца, како и со сведоци на конфликтната ситуација. 1478834550-kle-9

Анџелина Џоли тврдеше дека Бред Пит понекогаш пројавувал суровост кон децата, како што се случило во случајот со спорот со Медокс, кога се нафрлил врз момчето.

Ти Ем Зи забележува дека таков заклучок на социјалните работници го става во подобра позиција Бред Пит во однос на неговата желба за еднакви старателство над децата.

52-годишниот Бред Пит и 41-годишната Анџелина Џоли имаат шест деца на возраст од 8 до 15 години, од кои три се посвоени.

Бред Пит нема засега еднакви права со бившата сопруга и има право само да ги посетува своите деца, но не и да живее со нив.

Судовите во Калифорнија обично при развод даваат еднакви права на родителите во однос на децата.Сопружниците од ѕвездената двојка поминаа заедно 10 години, но се венчаа официјално на 23 август 2014.