Бред Пит нема да добие еднакви права со Анџелина за децата

од Vladimir Zorba

Холивудскиот актер Бред Пит и неговата сопруга Анџелина Џоли, кои се во процес на развод, се договорија со кого да живеат нивните шест деца, соопшти агенција Асошиетед прес. 5151916Пит нема да има еднакви права со бившата сопруга и ќе има право само да ги посетува своите деца.

АП наведува дека двајцата сопружници се договориле кон крајот на октомври. Судовите во Калифорнија обично при развод им даваат еднакви права на родителите во однос на децата.

Сопружниците од ѕвездената двојка поминаа заедно 10 години, но се венчаа официјално на 23 август 2014.

52-годишниот Пит и 41-годишната Џоли имаат шест деца на возраст од 8 до 15 години, од кои три се посвоени.

Слични содржини