Бред Пит под истрага за злоупотреба на неговите деца

од desk2

Бред Пит е под истрага на полицијата и социјалните служби во Лос Анџелес, како што излезе веста дека тој физички и вербално ги нападнал своите деца.38adcad100000578-3801635-image-a-55_1474533747891

Изворите изјавуваат дека тој наводно се опијанил и почнал да вика, за време на летот на приватниот авион и откако слетале на пистата тој продолжил со неговите “проповeди”.38adcad600000578-3801635-image-a-1_1474537432520

“TMZ” известуваат дека најверојатно ова бил инцидентот, кој се случил минатата среда, што ја поттикна Анџелина да го поднесе барањето за развод наредниот ден.

Се верува дека Пит е под истрага и дека тој и Џоли биле интервјуирани како дел од истрагата, додека властите планираат да разговараат и со нивните деца.389cdf9400000578-3801635-image-a-64_1474535199965

Близок извор на Пит тврди дека тој ситуацијата ја сфаќа многу сериозно, меѓутоа дека не извршил никакво злоупотребување на неговите деца.

Колега на двајцата актери во меѓувреме изјави за “Access Hollywood”, дека иако Џоли сака децата да имаат постоечки однос со нивниот татко, во моментов не планира да му дозволи права за посетување.38aa25c000000578-3801635-with_six_children_three_adopted_maddox_15_pax_12_zahara_11_and_t-a-65_1474535422123

И додека тој бил свесен за можноста за развод, сепак бил изненаден од моментот на поднесувањето.

“Тој апелираше таа да го направи ова тивко- не за да го спаси бракот, туку за доброто на нивните деца- но беше игнориран од нејзина страна.

Секако дека постоеше преломен миг, и таа едноставно не можеше повеќе. Најверојатно нешто се скрши во него и тој кажа дека не може да продолжи понатака, и таа реагираше.

Ситуацијата веќе некое време беше тешка” – изјавува близок извор на актерот.20dff02c00000578-3801635-image-m-39_1474531338643

Додека пак оние блиски на актерката велат: “Нештата се градат и се градат со текот на времето. Не станува збор за една или за друга работа.

Таа го сакала овој човек со години и бракот не е одлука што може да се донесе имплусивно.

На крајот таа го направи она што морала да го направи.”

Кратко по изјавите на адвокатот на Џоли со кои што јавно беше потврдена веста за разделбата, актерот за весникот “People” изјави:

“Јас сум многу тажен поради ова, но она што во моментов е најважно е благосостојбата на нашите деца. Љубезно го замолувам печатот да им го даде просторот што го заслужуваат во текот на овој предизвикувачки период.”

Слични содржини