Бред Пит се потпира на поддршката од Џулија Робертс

од Vladimir Zorba

Бред Пит изгледа напнато и доста ослабено на првиот јавен настап по објавувањето на разводот со Анџелина Џоли.3a8cd50f88bb33e09fb22788c7af8166

Холивудскиот актер присуствуваше на филмски скрининг во Лос Анџелес во друштво на својата колешка од “Бандата на Оушн” и пријателка Џулија Робертс.

Пит беше фатен од папараците на приватна проекција на филмот “Moonlight”, кој е снимен од неговата продукциска компанија Plan B. 52-годишниот актер се појави на скрининг во посекојдневна облека – карирана кошула, јакна и фармерки.

Очигледно Бред ќе се потпира на Џулија за претстојните јавни настапи, бидејќи е во затегнати односи со Џоли.

Покрај тоа, не може да смета на својата колешка од претстојниот хит “Allied” Марион Котијар која е бремена во моментот со своето второ дете и со која неправедно ги обвинија за афера, откако се дозна за разделбата со Анџелина.

Се очекува првото поминување на Пит по црвениот тепих по драмата со Енџи да е по два дена, имено на премиерата на “Allied”.

Фото: Paramount

Слични содржини