6200 злосторства од омраза се извршени само месец по референдумот за излез на Островот од ЕУ

1465966649-gettyimages-516155574

Британската полиција соопшти дека по референдумот за членството на Велика Британија во Европската унија, при што клучното прашање беше имиграцијата, само за  еден месец се регистрирани близу 6200 злосторства од омраза, пренесе Ројтерс.

За четири недели од 16 јуни во полицијата биле поднесени сигнали за 6193 злосторства најчесто за малтретирање, напади и други манифестации на насилство или злоупотреба кои  упатиле навреди или закани.  На 23 јуни Британците гласаа за излез од ЕУ по жестоки и длабоки поделби и  кампања во која контролата врз имиграцијата беше еден од главните аргументи за напуштање на Унијата.

Откако беа објавени резултатите, муслимани и Источноевропејците се жалат дека многу често стануваат цел на агресија. Според најновите податоци во првите две недели на јули се извршени 3001 напади што со 6 проценти помалку од претходните две недели, но  со 20 отсто повеќе отколку во истиот период минатата година. Како резултат на зголемениот број кривични дела од омраза по референдумот, полицијата зазеде строг пристап кон овие злосторства и утврдиле  дека овој род инцидентите конечно почнуваат да се намалуваат, соопшти  полициски портпарол. Се разбира недопустливо е да има какви било злосторство од омраза, па сегашниот бројка е премногу голем, додаде тој.

Слични содржини