Брегзит ефект: Американски банки ја напуштаат Британија

од Vladimir Zorba

Финансиските институции  и се закануваат Тереза Меј дека ќе се преселат во други земји од ЕУ

1474767924-4Американски банки  го  предупредиле британскиот премиер Тереза Меј дека наскоро треба да  се поднесе јасност за ситуацијата по Брегзит или главните американски корпорации ќе се повлечат од Обединетото Кралство, пишува весникот The Independent.

Инвеститорите  го предупредуваат премиерот дека можат да почнат да се движат во други европски држави пред Велика Британија да ја напушти ЕУ, ако не им биде објаснет планот за тоа како трговските преговори ќе се спроведуваат во иднина.

Предупредувањето е упатено кон Меј за време на состанокот со неколку мултинационални банки во Њујорк. 

“Пораката беше јасна од барем неколку од присутните: ако Тереза Меј не може да обезбеди јасност за тоа како ќе завршат преговорите, единствениот начин да се избегне неизвесноста ќе биде преместување во Европа: нема да има време за чекање “, пишува анонимен извор, запознаен со средбата.

Слични содржини