Бременост или ПМС: Воочете ги разликите

од Vladimir Zorba

Многу дами не можат да се пофалат со регуларниот циклус и кога тој доцни почнуваат да стравуваат дека причината може да е посериозна. Особено ако во овој период сте практикувале секс без заштитни средства. Може и да не треба да купувате тест за бременост, бидејќи д-р Нима Шарма од гинеколошкиот оддел на болницата Fortis Flt Lt Rajan Dhall Hospital во Гургаон. Индија, открива кои се разликите помеѓу ПМС (предменструален синдром) и бременоста.

Најверојатно не сте бремена, ако:

1. Чувствувате глад за одредени видови на храна: Се нафрлувате на слатко и не може да се запрете. Не грижете се, не сте бремена, бидејќи генерално во раните фази на бременоста нема слични напади на глад. Дури почесто имате интолеранција на некоја храна.

2. Отекување / задржување на вода: Во ПМС вообичаено се задржува вода и жените чувствуваат едеб оток во рок од неколку дена.

При бременост овој симптом се појавува во последните месеци.

Кога дефинитивно сте бремена:

1. Болка во градите: При ПМС имате силна чувствителност во рок од неколку дена. При бременост чувствувате болки во оваа област и тоа во долготраен период.

2. Замор / поспаност: Ако сте постојано уморни и ви се спие, најверојатно сте бремена. Тоа не се симптоми типични за ПМС.

3. Гадење: повраќање не е знак на ПМС, но е типично за бременоста. Особено ако ви се гади утро.

Кога може да бидат и двете?

Некои симптоми се збунувачки и ако имате некој од нив и се сомневате дека може да станувате мајка, подобро да си направите тест за бременост или да се консултирате со лекар.

1. Промени во расположението: Една минута се смеете, во другата плачете. Наглите промени се типични и за двете состојби, па не се обидувајте да одредите која од нив е вашата само по овој симптом.

2. Грчеви: грчевите исто така се типични за ПМС и бременоста. И нема како да ги поделите во групи. Грчевите при бременост траат подолго.

3. Промена на тежината / забрзана влакнавост: Ако меѓу два циклуса качите или симнете значително килограми и исто така влакната ви растат видливо побрзо, може да имате полицистични јајници, објаснува д-р Нима.

Слични содржини