Европската комисија потврди дека комесарот за проширување Јоханес Хан ќе пристигне во посета на Македонија, како главна цел на неговата посета ќе е преглед на напредокот на имплементацијата на точките од договорот во Пржино, како и понатамошните приоритети, препорачани од Европската комисија. “Потврдуваме дека комесарот Хан ќе го посети Скопје во јануари, но нема датуми кога и колку .

хан ман

Причина (за посетата) е превреднување на ситуацијата “, рече Кетрин Реј, портпаролката на ЕУ. Според информациите од кабинетот на Хан тој ќе ја посети Македонија на 14 и 15 јануари, што се совпаѓа со датумите на кои се очекува премиерот Никола Груевски да поднесе оставка и да биде избрано привремена влада, чија единствена задача треба ќе е организирање на предвремени избори. Според оваа информација посетата на Хан нема да се совпадне со посетата на тројцата европски пратеници Едвард Кукан, Иво Вајгл и Ричард Хорвит која е предвидена  неколку дена порано за 11 јануари, како подготовка  и претходница на посетата на Хан.

johanes-han-2ycx2gr4wettoivh36rk00

Тој на својот блог на 1 јануари напиша:

„Врз основа на нашите големи напори, се надевам дека ќе успееме дефинитивно да се надмине политичката криза во поранешната југословенска Република Македонија.“

Хан во Скопје го чекаат редица нерешени обврски од Договорт од Пржино: со тешки маки и со речиси два и пол месеци задоцнување се формираше Државната изборна комисија, а горливи прашања, сепак, останаа:

  • Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето и
  • Регулативата за медиумите

Во изборниот законик е предвидено Државната изборна комисија во соработка со Министерството за внатрешни работи да донесе правилник за начинот на постапување на полицијата за време на спроведувањето на изборите.

DW: Груевски не се повлекува без гаранција за изборниот датум

Исто така, ДИК ќе треба да усвои и правилник за методологија за водење и за ажурирање на избирачкиот список, заснован на проверки и на статистички анализи, вкрстени проверки на различни бази на податоци и евиденции, неограничени проверки и други советодавни признати методи на проверка.

Друга обврска на ДИК во новата изборна регулатива е и тоа што таа ќе треба да усвои правилник за методологија за целосен пристап и за бришење на податоци во избирачкиот список, како и постапка за спроведување теренски проверки за да може списокот да се ажурира.

Анкетната комисија за скандалот со прислушувани материјали, пак, е блокирана од 17 декември кога беше откажано сведочењето на министерот за финансии, Зоран Ставрески.

Претседателот на комисијата, Петре Шилегов, ја прекина работата со образложение дека не сака да биде алиби за функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што сакаат да го искористат ова тело и да сведочат тајно.

Во делот за медиумите нема никаков напредок. Досега се одржаа само две подготвителни средби на работните групи, но без напредок. Тоа што треба да се реши се кадровските промени во МРТВ, Агенцијата за медиуми и во МИА, и да се донесе нов закон за медиумите.

Премиерот Никола Груевски, според Договорот од Пржино, пак, треба да поднесе оставка во период доволно долг за да може до 15 јануари да се инаугурира техничката влада со нов премиер.

Според Договорот, новата влада треба да биде инаугурирана 100 дена пред парламентарните избори, што ќе се одржат на 24 април 2016 година.

Доколку изборите се одржат на 24 април, ова се роковите што треба да се испочитуваат:

Февруари:

Треба да се распушти Собранието (60 дена пред изборите);

Март:

ДИК мора да го стави на јавен увид избирачкиот список (15 дена од денот на распишувањето на изборите). Јавниот увид трае 20 дена;

Најдоцна 30 дена пред денот определен за избори, ДИК треба да ги објави описите на изборните единици;

До април:

Најмалку 23 дена пред денот на изборите, ДИК мора да ги објави во дневен печат листите со кандидати за пратеници;

Изборната кампања почнува 20 дена пред денот на изборите и мора да заврши 24 часа пред денот на изборите.

Слични содржини