Повеќе од шест часа траат преговорите во Брисел меѓу ВМРО – ДПМНЕ, СДСМ, ДПА и ДУИ со посредство на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан а се очекува разговорите да траат до доцна вечерва. Според информациите од Брисел, форматот на преговори постојано се менува, со тоа што во собата постојано се Никола Груевски, Зоран Заев, Мендух Тачи, Али Ахмети, комесарот Хан и известувачот за Македонија од Европскито парламент, Иво Вајгл, јавува 24 Вести112396

По заедничкиот ручек на сите преговарачи и олеснувачи, попладнево во салата за преговори присутни се и амбасадорите на Европската унија и Соединетите Американски Држави во Скопје, Аиво Орав и Џес Бејли. Официјални информации околу текот на разговорите за сега нема. Пред состанокот неофицијално се најавуваше дека ќе се договараат принципите, а потоа, според за сега неофицијални информации, и дека ќе се разговара и за деталите за транзицискиот период до изборите во април идната година.

Дипломатски извори брифираат дека на маса е  предлог измена на изборниот законик – три до 6 месеци пред избори претседател на политичка партија да не може да ја извршува функцијата претседател на влада. Токму временскиот период на условно повлекување од функцијата премиер, дополнително се преговара, бидејќи според истите извори, за власта се доволни три додека за опозицијата се потребни шест месеци. Ова би значело дека додека се стигне до периодот на повлекување, министерски места во владата би држеле претставници на сите партии.

Се шпекулира и дека лидерот на СДСМ Заев се уште не отстапува од своето барање за преодна влада без Никола Груевски како премиер. Токму тоа лидерот на СДСМ го порача пред стартот на средбата. Инаку, пред почетокот на средбата, еврокомесарот Хан на својот „Твитер“ профил првично напиша дека денеска е круцијален ден за политичките лидери на одржлив начин да ја решат политичката криза а непосредно пред стартот на средбата тој изрази надеж дека денеска ќе биде убав ден за иднината на земјава/„24 вести

Слични содржини