Брисел: Расчистија ли Вучиќ и Заев за српскиот национализам ?

од Vladimir Zorba

Не е битно дали бил некој од Српска амбасада  во насилниот упад в Собрание, туку дали направил кривично дело порача Вучиќ

Од страна на големиот број присутни новинари од Балканот на овој состанок, Зоран Заев беше запрашан за тоа дали разговарал со српскиот премиер Александар Вучиќ за информациите дека припадник на српските служби бил во парламентот кога се случуваа собраниските настани на 27 април. Притоа, Заев одговори дека со Вучиќ не разговарале за тоа, туку за соработка.

– Верувам дека заедничките служби меѓу Македонија и Србија дека ќе го решат ова прашање. Јас сум среќен што денеска можевме сите меѓу себе да поразговараме и сите стоиме на линијата на потребата на нашите граѓани на нашите земји за унапредување на соработката. Овде, во присуство на госпоѓа Могерини, констатиравме дека и ЕУ ќе не почитува повеќе ако ние соработуваме повеќе како регион – одговори Заев.

На истото ова прашање, премиерот и избран претседател на Србија, Александар Вучиќ, одговори дека тој „не слушнал дека некој направил кривично дело и дека учествувал во организирање на било-кој“. Според Вучиќ, Србија има информации дека повеќе лица, наведувајќи извесни „Зендери и Чеченовски од Скопје“ кои биле во демонстрациите против него.

– Па што? Тие не направил кривично дело. Конкретното лице од српска амбасада што го споменувате бил таму само да известува, посочи Вучиќ.

На ова, новиот српски претседател доби прашање дали со идниот премиер на македонската Влада, Зоран Заев, расчистиле по повод нивните медиумски препукувања, а по изјавата на Заев дека „во Србиај владејат националисти“.

– Тој беше многу коректен вечерва и јас не сакам да зборувам за тоа, бидејќи чесни луѓе не зборуваат за таквите приватни односи и работи. Ние сакаме да имаме добри односи со Македонија и ќе имаме. Тој самиот се осврна на тоа што го кажал, а што било понатака, јас не сакам да говорам. Тоа беше фер од негова страна. Јас не сум зборувал никогаш ништо лошо и нема да зборувам за било-кого од Македонија, па верувам дека тоа ќе придонесе за понатамошно зајакнување на нашите односи, одговори Александар Вучиќ.

Мандатарот за составување на македонска Влада, Зоран Заев, потврди дека тој разговарал со Вучиќ и дека на еден начин му се извинил на актуелниот српски премиер, а иден претседател на Србија, за неговата изјава дека „српската Влада е националистичка“, по што двајцата си подале рака , пренесе МИА.

– Јас изразив жалење поради невниманието што некогаш политичарите во кампања, пред кампања или после кампања знаеме да го испратиме. Тоа е многу често поради невнимание. Но, секако, преку потврда на потребата од заедничка соработка меѓу нашите две земји, ние се ракувавме и верувам дека денешниот состанок, покрај зацврстување на европските перспективи на целиот регион на нашите земји, дека ќе значи и унапредување на соработката меѓу нашите земји, а во тој контекст и соработката меѓу Република Македонија и Република Србија, посочи Заев.

Инаку, во кусото соопштение што го издаде по оваа неформална вечера на пет балкански премиери и Зоран Заев во Брисел, Федерика Могерини посочи дека тие разговарале „за патот напред за европската перспектива на регион во ЕУ“.

– Сите присутни ја потврдија својата целосна посветеност да се продолжи да се работи на процесот на интеграција во Европската унија, како што беше потврдено од страна на ЕУ во Самитот на Европскиот совет во март 2017 година. Тие ја потврдија својата решеност и силен заеднички интерес за зајакнување на соработката и доведување во врска со конкретни резултати за животот на граѓаните од регионот. Тие ја истакнаа својата посветеност на добрососедските односи и продлабочување на регионалната разбирање, преку меѓусебно почитување и соработка. Ги охрабрувам премиерите на шесте земји да ја забрзаат потребната работа, со цел да се задоволат очекувањата на нивните граѓани и да се доближат земјите до Европската унија, истакна Могерини во соопштението по овој неформален состанок.

Слични содржини