Британија блокира усвојување руска предлог изјава на СБ на ОН за нападот на Скрипал

од Vladimir Zorba

   Велика Британија блокира усвојување на предлог-изјава на Советот за безбедност на ОН подготвена од Русија, по повод труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал, соопшти постојаното претставништво на Русија при Обединетите нации.

Британските претставници го блокираа предлогот на Русија за куса и фактолошка предлог-изјава на Советот, соопшти портпаролот на постојаното претставништво Фјодор Стржижовски.

Според него, британската делегација поднела корекции кои го менуваат смисолот на документот кој имал за цел да се зачувува единството на Советот за безбедност на ОН.

Во предлог изјавата на Русија, наменета за медиумите, се изразува длабока загриженост „од информацијата дека во Велика Британија била употребена наводна невропатска материја” и се упатува повик кон сите заинтересирани страни да се консултираат и да соработуваат во истрагата за тоа прашање во согласност со нивните обврски според Конвенцијата за хемиско оружје. Освен тоа, се изразува поддршка за спроведувањето на оваа конвенција и потребата да се изгради свет без хемиско оружје.

Фјодор Стржижовски исто така изјави дека САД блокирале предлог изјава на Русија и Кина на Советот за безбедност на ОН за поддршка на решавањето на конфликтот на Корејскиот Полуостров. Американската страна одлучила да ја прекине својата работа на руско-кинеската иницијатива без никакви образложенија.

– Тоа покренува прашања за вистинските намери на Вашингтон во контекст на забележаното затоплување на меѓукорејските односи, додаде Стржижовски и истакна дека руско-кинескиот предлог имал за цел да се поддржи напредокот кон решавање на конфликтот.

Слични содржини