Британка и Канаѓанец починаа во ист ден, а биле во брак 75 години

од desk2

Сопружници кои се венчале за време на Втората светска војна, Британка и Канаѓанец, починаа вчера од природна смрт откако поминале 75 години во брак.


Како што пишува BBC, тие починале со разлика од неколку часа.

Џорџ и Џин Спеар се запознале на една игранка 1941 година во Лондон, а двајцата починале во болница во Отава. Госпоѓа Спеар е прва примена во болница со воспаление на белите дробови, а само неколку часа и Горг бил донесен во болницата, Двајцата починале во сон, таа во раните утрински часови, а тој попладнето.

Џин Спеар била член на Редот на британското царство, а ЏОрџ е одликуван канадски офицер. Имале две деца Хедер и Јана.
„Сите знаевме дека вој ден ќе дојде, но не верувавме дека ќе ги изгубиме во ист ден“, вели една од нивните ќерки.

Тие се венчале во 1942 година, а 1944 година се преселиле во Канада каде го помианле целиот живот, а со британската кралица Елизабета II се сретнале 2011 година кога таа била во посета на Канада.

Слични содржини