Британка нарачала шампон преку интернет, а добила 20 пасоши

од desk2

 

Никол Мичел од Лондон не можела да верува кога по пошта место шампон и стигнале 20 нови американски пасоши.

Веднаш повикала полиција која и рекла да ги фрли во ѓубре, но потоа виш полициски службеник го презел разговорот и и рекол да не го прави тоа. Потоа ја повикала Амбасадата на САД.

„Тоа е голем сигурносен пробив, што ако овој пакет дојдеше во рацете на терористи? Бев преплашена но никој не ми објасни што се случува“, вели Британката.

По неколку часа службеник од Амбасадата на САД во Лондон ги презел пасошите.

Од компанијата рекле дека нејзиниот пакет и пакетот за амбасадата стоеле еден покрај друг и дека работникот по грешка ги сменил.

Од амбасадата додаваат дека веруваат дека ова е обична грешка, која нема да се повтори и дека сигурноста и интегритетот на патничките пасоши е на прво место.

Слични содржини