(Видео) Британка заспива секој пат кога ќе се насмее или ќе доживее оргазам

од desk2

Дваесетгодишната Британка Џесика Саутхел пати од ретко пореметување кое се манифестира со заспивање секој пат кога ќе се насмее или ќе доживее оргазам.


Се работи за нарколепсија со катаплексија што значи секој пат кога ќе почувствува силни емоции нејзините мускули се опуштаат и изгледа дека спие.

Дијагнозата и е поставена кога била тинејџерка и била постојано уморна, па заспивала на часови.

Кога почнала да се забавува со партнерот Џуниромо Сантјаго, комбинацијата од двете состојби предизвикувале штом стане интимна, да изгледа незаинтересирано.

„Морав да објаснам што ќе се случи кога ќе направи да се чувствувам најдобро. Можеби звучи смешно и се обидувам да се нашалам на таа сметка, но тоа е навистина ужасно“, вели Џесика.


Првата епизода ја имала на 16 години. Некогаш спие и по 13 часа. Неколку месеци траеле прегледите и тестирањата додека не и е откриена дијагнозата. ПОради пореметувањето, може да заспие и во текот на денот, да има напади на изненаден сон, халуцинации и катаплексија.
Иако изгледа дека спие, Џесика вели дека е потполно будна.

„Не можам да одговорам или да се поместам додека емоциите не престанат. На сите друи им изгледам дека спијам“, вели таа.
Катаплексијата е привремен губиток на контролата над мускулите што предизвикува слабост и можен пад. Ова го доживеала и кога се пораѓала.

„Научив штом се смеам, веднаш да се фатам за нешто за да се заштитам кога мускултие ќе ми ослабат“, вели Џесика.

Слични содржини