Британската амбасада денеска го поздрави вчера постигнатиот договор меѓу политичките партии и порача дека тие треба со исто толкав труд и да го спроведат.

britanska-ambasada

– Генерално, мој став е дека секој договор е добар толку колку што добро ќе се спроведе. Тоа е тоа што недостигаше во минатото. За да биде успешен овој договор, партиите ќе треба да вложат исто толку труд во неговото спроведување колку што вложија за нивните интереси за време на преговорите – изјави за „Мета“ Пол Едвардс, вршител на должност во Амбасадата на Британија во Македонија.

Вчерашниот договор претходно го поздравија и американскиот амбасадор Џес Бејли и еврокомесарот Јоханес Хан, кои исто така порачаа дека сега е важно договорот и реформите целосно да се спроведат.

 

META

Слични содржини